• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Република Словенија со целосна поддршка за референдумот во Македонија

Република Словенија со целосна поддршка за референдумот во Македонија

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, денеска имаа средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и со претседателот на националното Собрание (Државни збор) на Словенија, Дејан Жидан.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбите станало збор за билатералните односи меѓу двете земји, натамошниот развој на односите во повеќето области од заемен интерес, интеграциските процеси на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и актуелните политички состојби во Македонија, со посебен акцент за договорот меѓу Република Македонија и Република Грција и одржувањето на референдумот.

адеми-пахор

Соговорниците изразиле силна поддршка на Република Македонија во процесот на евро-атлантските процеси, констатирајќи дека Република Словенија на сите средби со претставниците на Европската унија, ја поддржува Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Министерот Адеми, до двајцата соговорници изразил благодарност за пријателскиот однос на сите институции на Република Словенија, дадени на сите средби на претседателско на премиерско и ресорно ниво во однос на содржински прашања коишто Република Македонија треба да ги оствари до крајот на оваа година.

Пахор и Жидан укажале на одредени предизвици со кои што Република Македонија ќе се соочи на патот кон интегративните процеси, со кои претходно и Република Словенија беше соочена.

адеми словенија

Соговорниците се согласиле дека идното членството на РМ во ЕУ и НАТО, претставува историска придобивка, но и голема обврска во наредниот период.

За време на разговорите се отвориле повеќе прашања со коишто РМ ќе се соочи во иднина, но единствено средство за нивна реализација треба да биде широкиот општествен дијалог со сите страни во Република Македонија.

Како што се додава во соопштението, соговорниците побарале и конкретно нивно вклучување, заедно со државните институции од Република Словенија за да помогнат преку пренесувањето на нивното искуство, се со цел да се олесни патот кон ЕУ и НАТО.

На средбите станало збор и за улогата на дијаспората од Република Македонија во словенечкото општество и нивното позитивно интегрирање како и можните форми на вклучување во меѓусебната соработка.

На средбите Адеми, Пахор и Жидан заклучиле дека референдумот е од клучно историски значење за РМ во патот кон ЕУ и НАТО, дека друго повторување нема да има и оти истиот треба да се поддржи и од опозицијата и од власта и од граѓаните на РМ. дма/скс/15:43

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ