Делави: Посетата на Вучиќ претставува позитивен пресврт во односите меѓу Косово и Србија

Делави: Посетата на Вучиќ претставува позитивен пресврт во односите меѓу Косово и Србија

Приштина, 9 септември 2018 (МИА) – Амбасадорот на САД во Приштина, Грег Делави, по завршувањето на дводневната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Косово, изрази надеж дека иако ова беше „тежок викенд“ сепак посетата претставува позитивен пресврт во односите меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Признавам дека ова беше еден тежок викенд. Ги ценам напорите за зачувување на безбедноста. Мирните протести најдобро би го прикажале Косово какво што јас го познавам, напиша Делави на Твитер.

Американскиот амбасадор порача дека „треба да се продолжи со напорна работа за да се намалат тензиите меѓу Косово и Србија и да се нормализираат односите“.

- Верувам дека овој викенд ќе претставува позитивна пресвртна точка, напиша Делави. иа/гт/19:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ