Излезни анкети: Сергеј Собјанин освои 74 отсто од гласовите на изборите за градоначалник на Москва

Излезни анкети: Сергеј Собјанин освои 74 отсто од гласовите на изборите за градоначалник на Москва

Москва, 10 септември 2018 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Москва Сергеј Собјанин освои 74 отсто од гласовите од жителите на Москва кои вчера излегоа на гласачките места.

Изборниот резултат претставува зголемување на довербата за речиси една четвртина повеќе отколку на претходните избори во 2013 година, кога беше избран за градоначалник.

Втор, по бројот на добиени гласови е кандидатот на комунистите Вадим Кумин со 10 отсто од гласовите, покажуваат податоците од од излезените анкети.

- По преброените 56,3 отсто од гласачките ливчиња, Собјанин доби 69,54 отсто од гласовите. Вадим Кумин од Комунистичката партија освои 11,65 отсто. соопшти Изборната комисија.

Прес службата на Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му ја честитал изборната победа на Собјанин. ссм/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...