Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет

Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет

Монако, 10 септември 2018 (МИА) – Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет, соопшти германската компанија за реосигурување „Минхен Ре“.

Во презентацијата на Септемвриските средби на реосигурителната бранша во Монако, компанијата истакна дека овој вид ризик би можел да достигне до 10 милијарди долари до 2020 година.

- Да се обрне повеќе внимание на кибер-ризиците и кибер-штетите, што би поддржало барање на решенија за осигурување, соопшти фирмата.

Според „Минхен ре“, осигурувањето на ризиците поврзани со дигитализација на светскиот пазар во 2017 година изнесувало малку помалку од пет милијарди долари, но до 2020 година би можело да достигне меѓу осум и 10 милијарди долари. јт/07:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...