• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Лидерот на либералите во ЕП, Ги Верхофстат ќе формира политичко движење со партијата на Макрон

Лидерот на либералите во ЕП, Ги Верхофстат  ќе формира политичко движење со партијата на Макрон

Париз, 10 септември 2018 (МИА) - Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофстат, лидер на Алијансата на либералите и демократите во Европскиот парламент (АЛДЕ) ќе создаде политичко движење со партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, „Република, напред!".

Во интервју за францускиот весник „Вест Франс“ Верхофстат изјави дека „по средбата Орбан - Салвини, борбата во 2019 година ќе биде меѓу популистите националисти и проевропската алтернатива“.

Поранешниот белгиски премиер додаде дека со Макрон „не само што прават една и иста анализа, туку до голем степен и едни и исти предлози“. Тој информира дека новото заедничко движење ќе биде основано во октомври.

- Тоа ќе биде нешто ново, тоа ќе биде движење. Проевропска алтернатива на националистите, изјави Верхофстат и додаде дека ќе се води заедничка кампања.

- Секоја партија ќе ги задржи своите симболи, но движењето ќе биде пошироко. Целта е да се создаде влијателна група во идниот Парламент, да се создаде инструмент за запирање на националистичкиот бран, рече претседателот на АЛДЕ. јт/08:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ