• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Американскиот сенатор Рон Џонсон во посета на Приштина и Белград

Американскиот сенатор Рон Џонсон во посета на Приштина и Белград

Приштина, 10 септември 2018 (МИА) – Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“.

Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштин со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот.

Како што е објаено на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи на средбата рекол дека работи на постигнување договор кој ќе има позитивни ефекти врз регионот, но оти тешко ќе се постигне.

Џонсон вчера се сретна и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај со кого разговарал за ситуацијата во регионот.

Харадинај веста за средбата со Џонсон ја објави на својата страница на Фејсбук наведувајќи дека Приштина е заинтересирана за постигнување оптимален правно обврзувачки договор со Белград.

Американскиот сенатор денеска пристигнува во дводневна посета на Белград, кде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ.

Џонсон е член на Надворешнополитичкиот одбор на Сенатот и претседавач на Пододборот за Европа и регионална безбедносна соработка, а претседава и со сенатскиот Одбор за внатрешна безбедност и владини работи. Тој треба да помогне во новата фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина. јт/08:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...