• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Менаџерка од Дојче банк тврди дека не е веројатен нов колапс од типот на Леман брадерс

Менаџерка од Дојче банк тврди дека не е веројатен нов колапс од типот на Леман брадерс

Франкфурт, 10 септември 2018 (МИА) - Светскиот шок предизвикан од колапсот на американската инвестициска банка Леман брадерс пред 10 години, најверојатно нема да се повтори, изјави извршна директор на Дојче банк, која исто така, ја отфрли можноста за укинување на дерегулацијата на финансискиот пазар.

- Оттогаш, се поставени многу заштитни механизми за да се спречат ефектите од „зараза“ и многу е направено за зајакнување на финансискиот систем, изјави за ДПА Силвие Матерат, членка на одборот на најголемата банка во Германија.

Леман, некогаш четврта најголема инвестициска банка во САД, поднесе барање за стечај во септември 2008 година, откако нејзината изложеност на ризиците од хипотеките резултираше со огромна продажба на нејзиниот удел и масовно заминување на клиенти.

Матерат, исто така, верува дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата Републиканска партија ќе се соочат со силно противење на секакви чекори за големо намалување на регулативата за финансискиот пазар воведени во пресрет на финансиската криза.

- Не верувам дека ќе има бран на дерегулација, во основа поради тоа што е доста тешко да се имплементира, а тоа ќе биде тешко да се смени, рече Матерат, кој е главен регулаторен офицер во Дојче банк.

- Главните актери не го сакаат тоа, и не само заради дополнителната сигурност што ја носи, туку и од многу себична причина: Беше многу болно да се помине низ сето тоа и би било исто толку болно да се повтори.

- Наместо тоа, очекувам олеснување во смисла на имплементација, но не и дерегулација, рече таа. ссм/10:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...