• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

По проверка на сомнително возило, повторно отворена метро станица во Лондон

По проверка на сомнително возило, повторно отворена метро станица во Лондон

Лондон, 10 септември 2018 (МИА) - Прометната метро станица „Стратфорд“ во Лондон, повторно е отворена откако претходно денеска беше затворена поради проверка на сомнително возило, оставено на паркинг на блискиот трговски центар Вестфилд.

Станицата беше затворена во 8.16 часот по локално време, но возовите продолжија да минуваат, без да запираат.

Сомнителното возило било проверено, по што полицијата дала одобрение за повторно отворање на метро станицата. ссм/12:27

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ