• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Експлозии и пукотници во либиска државна нафтена компанија

Експлозии и пукотници во либиска државна нафтена компанија

Триполи, 10 септември 2018 (МИА) - Во седиштето на либиската државна национална нафтена корпорација (НОЦ), во центарот на Триполи, утрово се слушнаа експлозии и истрели. Западните медиуми јавуваат дека неколку маскирани лица влегле во просториите на компанијата.

- Тројца или петмина пукаа во зградата. Неколку лица се погодени, изјави еден од вработените во НОЦ, кој за да се спаси скокнал од прозорецот, пренесува Танјуг.

Безбедносните сили соопштија дека се обидуваат да ги совладаат милитантите, за кои се верува дека ја нападнале зградата. Безбедносните сили зазеле позиции околу седиштето на НОЦ. На местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила. ссм/12:37

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ