Руска НВО соопшти дека за време на вчерашните антивладини протести се уапсени повеќе од 1.000 лица

Руска НВО соопшти дека за време на вчерашните антивладини протести се уапсени повеќе од 1.000 лица

Москва, 10 септември 2018 (МИА) - Руската организација за заштита на човекови права ОВД-Инфо соопшти дека за време на вчерашните антивладини протести биле уапсени повеќе од илјада лица.

Според ОВД-Инфо, точниот број на уапсените е 1.018 лица, а половина од нив се уапсени во Санкт Петербург. Меѓу уапсените има и малолетни лица.

Илјадници поддржувачи на рускиот опозиционер Алексеј Навални вчера одржаа протести ширум Русија против планираните владини пензиски реформи. Предложените измени во пензискиот систем, кои се веќе поднесени во Парламентот, го намалија рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин за 15 проценти и претставува најнепопуларна владина мерка од 2005 година досега. јт/13:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ