• A-
  • A
  • A+
недела, 23 септември 2018, 

Над 30 илјади раселени во Сирија поради боимбардирањата во Идлиб

Над 30 илјади раселени во Сирија поради боимбардирањата во Идлиб

Бејрут, 10 септември 2018 (МИА) - Повеќе од 30.000 луѓе ги напуштија своите домови во Сирија поради бомбардирањата од сили на режимот и неговиот руски сојузник во провинцијата Идлиб и околните области, соопштија ОН. Податоците се за периодот од 1 до 9 септември.

- Ние сме длабоко загрижени од неодамнешната ескалација на насилството што предизвика раселување на над 30.000 луѓе,  изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања Дејвид Свансон.

Повеќето од раселените заминале во северниот дел на Идлиб, близу турската граница.зш/17:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ