Албанската опозиција продолжува со бојкотот на Собранието

Албанската опозиција продолжува со бојкотот на Собранието

Тирана, 11 септември 2018 (МИА) - Албанската обединета опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, продолжува со бојкотот на работата на Парламентот на Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, в четврток, за кога е закажана третата седница на законодавниот дом по летните одмори, опозициските пратеници ќе „заседаваат“ во пристанишниот град Драч.

Наместо во собраниската сала во Тирана, опозициските пратеници на 3 септември беа во Скадар, додека на 6 септември „заседаваа“ во Елбасан.

Пред одржувањето на овие две седници лидерот на демократите Баша упати тешки обвинувања за „поврзаност на Владата со криминалот“, најавувајќи акција за „ослободување на власта од криминалот“.

- Ослободувањето на власта од криминалот останува апсолутен приоритет на опозицијата во новата парламентарна сесија, порача Баша.

Опозициските пратеници ја бојкотираат работата и на парламентарните комисии.

Деновиве опозицијата до Парламентот достави предлог-закон за проверка на потеклото на имотот на политичарите. Албанското собрание претходно го усвои Законот за испитување на потеклото на имотот и можна поврзаност со криминални групи, кој важи за судиите, обвинителите и полицијата.

Поради „неминување“ преку процесот на проверка, Албанија повеќе месеци е без Уставен и Врховен суд, а се соочува и со недостиг од обвинители и судии.

Формулар за потеклото на имотот не поднесоа најмалку 500 полициски работници, кои потоа самоволно ја напуштија службата. вт/сп/07:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...