Наркошверцери уапсени во Италија, Германија и во Албанија

Наркошверцери уапсени во Италија, Германија и во Албанија

Тирана, 11 септември 2018 (МИА) - Во голема заедничка акција на италијанската, германската и на албанската полиција против недозволена трговија со дрога, уапсени се 20 лица, членови на две криминални групи шверцери на дрога.

Меѓу уапсените лица се 17 државјани на Албанија, од кои две жени, еден италијански државјанин со албанско потекло, еден Косовец и еден Пакистанец. Шеснаесетмина од нив се уапсени во Италија, тројца во Германија, додека едно лице е уапсено во Албанија.

Во акцијата се запленети 120 килограми кокаин, хероин и марихуана, чија вредност на пазарот е проценета на 20 милиони евра.

Истрагата против двете групи почнала пред две години, кога се запленети 91 килограм кокаин на италијанско-австриската граница.

Во текот на двегодишната истрага е откриено дека двете групи шверцувале марихуана од Албанија кон Италија, а потоа во Германија. Кокаинот го шверцувале од Белгија во Германија, а потоа во северниот дел на Италија, додека хероинот од Холандија во Италија. вт/сп/07:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...