• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Гутереш: Климатските промени се директна егзистенцијална закана

Гутереш: Климатските промени се директна егзистенцијална закана

Њујорк, 11 септември 2018 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со „директна егзистенцијална закана“ и дека мора да ја намали зависноста од фосилните горива до 2020 година, со цел да се спречи „излегување на климатските промени од контрола“. 

Гутереш истакна дела станува збор за „кризна ситуација“ што треба под итно да се решава, оценувајќи дека светот се соочува со недостиг на лидерство во борбата против климатските промени. 

- Климатските промени се движат побрзо од нас. Мораме да ја запреме погубната емисија на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и да иницираме акција за заштита на климата, порача Гутереш.  

Тој истакна дека луѓето ширум светот се соочуваат со рекордни температури, кои предизвикуваат екстремни бранови на жештини, шумски пожари и поплави што „оставаат смрт и пустош“.

- Научниците со децении предупредуваат на глобалното затоплување, но многу лидери одбиваат да го слушнат тоа предупредување и само мал број од нив дејствуваат со визија како што бара науката, предупреди Гутереш. сп/08:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...