• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Средба Путин - Си на економскиот форум во Владивосток

Средба Путин - Си на економскиот форум во Владивосток

Владивосток, 11 септември 2018 (МИА) - Во пристанишниот град Владивосток, на Далечниот Исток на Русија, денеска се одржува Источниот економски форум, на кој учествуваат илјадници политички и бизнис-претставници од шеесетина држави.

На форумот се одржа и средба меѓу претседателите на Русија и на Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, кој првпат учествува на овој форум.

Форумот во Владивосток беше воспоставен во 2015 година од страна на претседателот Путин, со цел да се засили економската соработка на Русија со земјите од Источна Азија. цч/сп/10:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.