• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Репортери без граници подготвуваат декларација за информациите

Репортери без граници подготвуваат декларација за информациите

Париз, 11 септември 2018 (МИА) - Меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) формираше комисија составена од нобеловци, новинари и правници која ќе изработи меѓународна декларација за слободата на говорот и демократијата.

Декларацијата се очекува да биде предложена при одбележувањето на 70-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за човековите права.

РСФ планира со декларацијата да се определат принципите за управување со информациите, за заштита на слободното и плуралистично општество и развој на демократијата.

Во Комисијата се поканети нобеловците Ширин Ебади, Џозеф Стиглиц, Марио Варгас Љоса, професорот Френсис Фукујама и истакнати истражувачки новинари од целиот свет. цч/сп/11:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.