Полски весници излегоа од печат со празна насловна страница

Полски весници излегоа од печат со празна насловна страница

Варшава, 11 септември 2018 (МИА) – Полски дневни весници објавија денеска отворено писмо до Европскиот парламент додека дел од водечките дневни весници излегоа од печат со празна насловна страница. Тие апелираат дигиталните гиганти како Гугл и Фејсбук да не заработуваат од содржини и вести од традиционалните медиуми.

Во писмото тие апелираат до европските пратеници на 12 септември да гласаат за член 11 од новата директива на ЕУ според која интернет гигантите кои пренесуваат линкови и кратки содржини од медиуми мора да исплатат надомест на весници, списанија и новински агенции од каде е земена веста.

Според нив, тоа би било од пресудно значење за заштита на слободното, професионално и независно новинарство бидејќи интернет актерите бесплатно користат медиумски содржини, јакнат свое место на пазарите на дигитални реклами и контролираат повеќе од 70 отсто од неговата вредност.

Тие велат дека доколку се усвојат новите правила, профитот од користење на вестите ќе оди кај тие што ги произведуваат вестите и финансираат.зш/14:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...