„Зидојче цајтунг“: Вучиќ внесува раздор во ЕУ

„Зидојче цајтунг“: Вучиќ внесува раздор во ЕУ

Берлин, 11 септември 2018 (МИА)  - Запаливи говори и запалени барикади се доволен доказ дека Косово сe уште не е решено, но српскиот претседател Александар Вучиќ со својата вешта дипломатска акробатика, успеа да го премести раздорот во ЕУ и, барем за извесно време, да го отстрани притисокот од себе, оцени германски дневен весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот наведува дека на Вучиќ му била дадена „контроверзна заслуга" минатиот викенд на светот да му ја предочи „тажната вистина дека косовскиот конфликт се уште е далеку од решение".

- Како искален стратег, Вучиќ ги разгоруваше високите очекувања во текот на изминатата недела, јавно разговараше за плановите за размена на територија меѓу Србите и Албанците, а потоа самиот Вучиќ го исфрли воздухот од балон за тестирање кој го пушти да одлета над Косово". 

Во коментарот на „Зидојче цајтунг“, како што пренесуваат српските медиуми, се наведува дека Вучиќ со својата дипломатска акробатика, изведе презентацијата за актерите во ЕУ, поделени околу прашањето на промената на границите, бидејќи Германија ја отфрли идејата како опасен преседан, додека некои во Европската комисија покажаа дека не би се спротиставиле на такво нешто.

„Кога двета табора се расправаат, Вучиќ, како трет, засега не мора да се плаши од притисокот. Тоа е успех за него, но е тежок удар за напорите на ЕУ за медијација, наведува весникот. ссм/16:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...