• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Ен-Би-Си Њуз: Русија осомничена за здравствените проблеми на американските дипломати на Куба

Ен-Би-Си Њуз: Русија осомничена за здравствените проблеми на американските дипломати на Куба

Њујорк, 11 септември 2018 (МИА)  - Русија е главниот осомничен во истрагата спроведена од американските разузнавачки агенции за мистериозното заболување на персонал во Амбасадите на Куба и во Кина, објави Ен-Би-Си Њуз.

Со истрагата во која биле вклучени ФБИ, ЦИА и други агенции,  има докази од пресретнување комуникации кои укажуваат на вмешаност на Москва, наведува медиумот, цитирајќи три извори и уште две лица.

Доказите сепак, не се толку убедливи за САД јавно да ја обвини Москва.

Во јули, американски официјални лица соопштија дека вршат истрага за здравствените проблеми на персоналот во американската Амбасада во Куба и не знаат што или кој стои зад мистериозното заболување што почна во 2016 година и погоди 26 Американци. Симптомите беа оштетување на слухот, зуење во ушите, вртоглавица, главоболка и умор, што може да се протолкува и како травматска повреда на мозокот. ссм/зш/16:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...