Русија, Иран и Турција ќе организираат конференција за враќање на сириските бегалци

Русија, Иран и Турција ќе организираат конференција за враќање на сириските бегалци

Њујорк, 11 септември 2018 (МИА)  - Русија, Иран и Турција планираат да организираат меѓународна конференција за враќање на сириските бегалци во нивните родни места. Тоа го изјави денеска на седница на Советот за безбедност на ОН рускиот амбасадор во меѓународната организација Василиј Небензја.

Во врска со состанокот на претседателите на Русија, Иран и Турција, на 7 септември, во Техеран, дипломатот рече дека „странските гаранти" разгледувале како да се дејствува за „масовно враќање на сириските бегалци и внатрешно раселените лица".

Според зборовите на Небензја, големиот придонес во остварувањето на таа задача би имала една меѓународна конференција и трите држави сега се фокусирани за остварување таква цел.

Пред Советот за безбедност, Василиј Небензја ја повтори руската теза дека се присутни „неспорни докази" дека во Сирија се подготвува провокација со хемиско оружје, за што противниците на сирискиот претседател Башар ал Асад наводно ќе ги обвинат владините сили. ссм/зш/18:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...