• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Хрватска: Петмина заболени од западнонилска треска се борат за живот

Хрватска: Петмина заболени од западнонилска треска се борат за живот

Загреб, 11 септември 2018 (МИА) - Пет лица се борат за живот во загрепска клиника за инфективни болести откако по убод од комарец заболеле од западнонилска треска, јави Индекс.

- Бројот на заразени од опасниот вируссе зголемува, изјави д-р Марко Кутлеша од Институтот за интензивна медицина и инфектологија. Тој посочи дека петмината заразени се во критична здравствена состојба и се на апарати за дишење.

- Уште други две лица се тешко болни и за нив има сомненија дека се заразени од вирусот, но кај нив не е потврдена болеста, изјави лекарот. ссм/19:35

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ