• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Путин ја повика Јапонија да потпишат мировен договор до крајот на годината

Путин ја повика Јапонија да потпишат мировен договор до крајот на годината

Владивосток, 12 септември 2018 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска и предложи на Јапонија двете земји да потпишат мировен договор до крајот на годинава, без предуслови.

Јапонија и Русија немаат формално склучено мир по Втората светска војна, поради спорот околу суверенитетот над Курилските Острови.

- Ајде да склучиме мировен договор. Не сега, но до крајот на годината, и тоа без предуслови, му порача Путин на јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој го посети Источниот економски форум во Владивосток.

Путин изјави дека Јапонија е клучен партнер со кого Русија сака да има добри билатерални односи.

Абе се согласи дека е важно да се има добра соработка меѓу Токио и Москва, во интерес на мирот во светот.

Во своето обраќање Путин го осуди распоредувањето на елементи од американскиот штит за противракетна одбрана на Далечниот Исток.

Според Путин, поставувањето на радарските и ракетните системи од штитот, кој е насочен пред се кон Северна Кореја, претставува голем проблем за безбедноста на регионот. цч/сп/10:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...