Белградскиот аеродром отворен за сообраќај

Белградскиот аеродром отворен за сообраќај

Белград, 12 септември 2018 (МИА) - Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска околу 11 часот е отворен за сообраќај по неколкучасовен засој до кој дојде откако патнички авион на авикомпанијата „Египет Ер“ без патници слета на аеродромската писта, каде застана поради технички проблеми.

Како што јави Танјуг, станува збор за египетски авион од типот „Боинг 737-800“, кој на белградскиот аеродром слетал во 4.11 часот.    

Поради временото затворање на аеродромот, сите авиони на компанијата „Ер Србија“ што претпладнево требаше да слетаат во Белград, беа пренасочени кон аеродромите во Ниш, Темишвар, Софија и Загреб. Од утрово беа одложени и 15-тина полетувања од „Никола Тесла“.

Управата на аеродромот соопшти дека проблемот со египетскиот авион настанал откако му се блокирале сите четири тркала. сп/12:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...