• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

ЕУ предлага строги нови правила за водење изборни кампањи

ЕУ предлага строги нови правила за водење изборни кампањи

Брисел, 12 септември 2018 (МИА) - Европската Комисија денеска го претстави својот план за борба против странски влијанија во изборните процеси.

Според планот на Комисијата, изработен по референдумот во Велика Британија, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и серијата добри изборни резултати на популистичките партии во Европа, во иднина ќе се бара поголема транспарентност во предизборните кампањи и воведување казни за компаниите, како Фејсбук, кои ги злоупотребуваат личните податоци.

Стратегијата на ЕК предвидува и мерки за спречување на т.н. хибридни закани, упади во изборниот процес или во информатичките системи на изборните комисии.

Комисијата бара од националните и европските партии детално да информираат за своите медиумски кампањи, вклучително и на социјалните медиуми, додека од државите се бара да ја засилат безбедноста на изборните системи.

Европско тело ќе може да изрекува казни до пет проценти од годишните приходи на одредена партија, доколку се покаже дека таа ги прекршила правилата за финансирање и водење кампања. цч/сп/13:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.