Ручи повика ба единство на косовските политички сили

Ручи повика ба единство на косовските политички сили

Тирана, 12 септември 2018 (МИА) - Претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи упати апел до косовските политички сили да бидат единствени во однос на дијалогот и договорот со Србија.

По денешната средба во Тирана  со својот косовски колега Кадри Весели, Ручи на заедничката прес-конференција изјави дека дијалот е механизам за да се најде решение, кое ќе гарантира взаемно признавање на Косово и Србија.

- Мојата порака до политичките актери и фактори е дека сите политички сили мора да бидат единствени и да имаат единствен став и делување, бидејќи има многу прашања по кои не се согласуваат, но тука се работи за суверенитет, држава, зајакнување на државата и на мирот не само во Косово, туку и во целиот регион, рече Ручи.

Тој додаде дека ги охрабрува сите страни вклучени во изнаоѓањето решение тоа да биде прифатливо, долгорочно и во интерес на Косово и целиот регион.

Неговиот косовски колега Весели изјави дека во финалниот дијалог меѓу Косово и Србија власта и опозицијата треба да бидат едиствени, посочувајќи дека „не е време за его и за власт, туку е време за единство“.

- Косово чекори со одлучност во финалето на дијалогот за да добие место во ОН. Горди сме што имаме партнери како САД и сме заедно со западните земји. Никој не може да им наштети на суверентитетот и иднината на Косово, ниту (српскиот претседател Александар) Вучиќ со неговото доаѓање, ни каква било изјава. Она што навистина му наштетува на Косово е недостигот на единство, рече Весели. вт/сп/13:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.