• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Струјата за домаќинствата првото полугодие поевтина за 0,41 отсто

Скопје, 29 август 2014 (МИА) - Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во првата половина од годинава изнесувала 4.86 денари по киловат час што е намалување за 0,41 процент во споредба со втората половина од 2013 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во индустријата просечната цена на струјата без данокот на додадена вредност чинела од 3.35 до 8.01 денари по киловат час, а цената на природниот гас се движела од 24.35 до 26.48 денари по nm3. бак/са/13:24

 



###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.