Русија го зголемува производството на авиони во соработка со Кина

Москва, 8 септември 2014 (МИА) - Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека Русија треба да го зголеми домашното производство на авиони поради санкциите против земјата, воведени од Западот поради украинската криза. 

Вицепремиерот Дмитриј Рогозин истакна дека Русија и Кина планираат заедничко производство на авиони за прекуокеански летови.

- Русија секако мора да го продолжи трендот на зголемување на бројот на авиони кои се произведуваат во земјата, како и авионски делови, нагласи Медведев.

Русија и Кина планираат следниот месец да потпишат договор за заедничко производство на авиони за прекуокенаски летови, а Москва има за цел двојно да го зголеми производството на воените авиони „Сухои“ од 2015 година. гт/14:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.