Десетици илјади луѓе останаа без струја во Калифорнија поради невреме

Десетици илјади луѓе останаа без струја во Калифорнија поради невреме

Сан Франциско, 11 декември 2014 (МИА) - Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ соопшти дека десетици илјади жители во реонот на заливот Сан Франциско останале без електрична енергија, откако северниот дел на Калифорнија беше погоден од најветровита и најврнежлива бура во последните пет години.

Според портпарол на метрото, кое го опслужува реонот на заливот, веројатно се случил дефект во трансформатор на компанијата во близина на една од станиците, која била затворена за возовите.

Фериботната служба на заливот соопшти дека најмалку 10 пловни линии биле откажани поради невремето.

Федералната управа за авијација објави дека декои летови до меѓународниот аеродром на Сан Франциско доцнат просечно по околу четири часа. гт/19:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.