• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Јапонската авијација во боева готовност по прелетување на кинеска ескадрила над јапонски острови

Јапонската авијација во боева готовност по прелетување на кинеска ескадрила над јапонски острови

Токио, 28 ноември 2015 (МИА) - Јапонија успешно ги полета своите авиони ловци, откако над нејзините јужни острови прелета ескадрила од 11 кинески воени авиони, кои според Пекинг, одржувале маневри.

Кинеските авиони - освен бомбардер и три авиони за набљудување, прелетаале синоќа во близина до Мијако и Окинава, без да го нарушуваат јапонскиот воздушен простор, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Јапонскиот весник „Јомиури шинбун“ соопшти дека е невообичаено за Кина да располага со толку голема ескадрила во близина до јапонскиот воздушен простор и оти Министерството за одбрана ја анализира целта на мисијата.

Јапонија неколку пати годишно ги полетува своите ловци, за да го заштитува воздушниот простор и од Русија и од Кина. нд/08:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.