Просечната малопродажна цена на струјата за домаќинствата пониска од лани

Просечната малопродажна цена на струјата за домаќинствата пониска од лани

Скопје, 29 септември 2017 (МИА) - Во првите шест месеци од годинава просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5,017 денари по киловат час, што претставува пад од 1,3 отсто во споредба со второто полугодие во 2016 година. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата за истиот период изнесува 31,464 денари по нормален метар кубен.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,417 до 8,084 денари по киловат час по групи потрошувачи.

Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 15,709 до 22,673 денари по нормален метар кубен по групи потрошувачи. вј/сд/12:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.