• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Аеродромот во Тиват се проширува за уште 1.300 метри квадратни

Аеродромот во Тиват се проширува за уште 1.300 метри квадратни

Тиват, 14 август 2018 (МИА) - На аеродромот во Тиват започна изградба на нова зграда на терминал за заминување со површина од 1.300 метри квадратни, објави на Фејсбук извршниот директор на аеродромот, Данило Орландиќ.

- Со големо задоволство можам да кажам дека на аеродромот Тиват е започната изградба на нов аеродромски објек од 1.300 метри квадратни, кој ќе им овозможи поголем комфор на патниците, побрза и поквалитетна услуга, како и подобри работни услови за вработените, напиша Орландиќ.

Новиот објект, наменет за патниците кои заминуваат, ќе има шест шалтери за регистрација на патница и пријавување багаж, како и простории за претставници на авиокомпаниите, службени простории за претставници на полицијата и царината. гт/13:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ