• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Намален бројот на издадени одобренија за градба во јуни

Намален бројот на издадени одобренија за градба во јуни

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Намален е бројот на издадени одобренија за градење во јуни во однос на истиот месец лани. Државниот завод за статистика денеска објави дека во јуни се издадени 205 одобренија за градење што е за 10,9 проценти помалку во однос на минатата година.

Предвидената вредност на објектите изнесува 2.945.737 илјади денари што е за 22,6 проценти помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија, 117 се наменети за објекти од високоградба, 45 за објекти од нискоградба и 43 за објекти за реконструкција.

Кај 115 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 90 објекти, инвеститори се деловни субјекти.

Предвидена е изградба на 554 станови со вкупна корисна површина од 41. 505 м2. бак/скс/12:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...