Турција може да се соочи со критична ситуација за отплаќање 3,8 милијарди долари долг во октомври

Турција може да се соочи со критична ситуација за отплаќање 3,8 милијарди долари долг во октомври

Лондон, 17 август 2018 (МИА) – Турски компании и владата можат да се соочат со критична ситуација за да се отплатат скоро 3,8 милијарди долари обврзници во странска валута во октомври во момент на колапс на турската лира која загуби повеќе од една третина од вредноста од почетокот на годината.

За компаниите, трошоците за сервисирање на надворешниот долг се зголемиле за една четвртина, пресметани во лири, само во изминатите два месеца.

-  Потребите на Турција за финансирање од странство се високи, нагласува Џејсон Доу од француската банка Сосиет Женерал во белешка до клиентите.

- Тоа е најголемиот надворешен долг во странска валута меѓу пазарите во развој, краткорочен надворешен долг од 180 милијарди долари и вкупен надворешен долг од 460 милијарди долари, наведува банкарот.

Пресметките на банката покажуваат дека турските компании ќе се соочат со долг за 1,8 милијарди американски долари во хартии од вредност до крајот на оваа година, а владата ќе мора да отплати 1,25 милијарди долари.

Покрај тоа, ќе треба да се платат вкупно 2,3 милијарди американски долари за камати.

Најтешкиот месец за отплата е октомври кога станува збор за главнина од 3 милијарди долари и камати од 762 милиони долари.зш/18:01

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...