• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Грција излегува од програмата за помош

Грција излегува од програмата за помош

Брисел, 20 август 2018 (МИА) – По три програми за помош и осум години тешки економски реформи под надзор на меѓународните организации, Грција денеска се враќа самостојно на пазарите, но и претстои уште многу работа.

Во изминатите осум години економска криза на Грција и се позајмени 289 милијарди евра од страна на ЕУ, Европската Централна Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд.

-За првпат од почетокот на 2010, Грција стои на свои нозе. Ова беше возможно благодарение на извонредниот напор на грчкиот народ, добрата соработа со сегашната грчка влада и поддршката на европските партнери преку заеми и намалување на долговите, изјави Марио Челентано, претседавач на Европскиот механизам за стабилност.

Иако состојбата е подобрена во Грција, преку враќање на економскиот раст и пад на невработеноста, земјата ќе остане под надзор од европските партнери за своите реформи во наредните две години. тм/зш/08:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ