Со обраќање на Ципрас ќе се одбележи излезот на Грција од програмата за финансиска помош

Со обраќање на Ципрас ќе се одбележи излезот на Грција од програмата за финансиска помош

Атина, 20 август 2018 (МИА) - Со обраќање до јавноста, грчкиот премиер, утре, ќе го означи крајот на меморандумската политика.  Утрешниот ден е симболичен за Грција, бидејќи по три години, завршува програмата за финансиска поддршка, што според грчката влада значи и крај на 8-годишната економска криза.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, излезот на Грција од меморандумите кои освен финансиска помош донесоа и низа антикризни мерки, првично беше планиран да се одбележи со свеченост, но поради катастрофалните пожари во кои животот го загубија над 95 лица, Алексис Ципрас веројатно ќе одржи само обраќање до јавноста. Останува енигма дали обраќањето ќе биде од премиерската палата или од некоја друга локација.

Грчкиот остров Кастелоризо од каде што Јоргос Папандреу во април 2010 како премиер во обраќање до Грците соопшти дека земјата и официјално бара помош од ЕУ со што и започна меморандумската политика и брдото Пникас во близина на Акропол, се споменуваа како можни локации од кои Ципрас би и се обратил на јавноста, но по пожарите, веројатно е дека грчката влада ќе одбере друга опција.

Според грчките медиуми, не е исклучена можноста по излезот од меморандумската политика, Алексис Ципрас, во следните денови да направи реконструкција на владата. ср/зш/08:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...