• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Првата засилена европска надзорна мисија на Грција на 10 септември

Првата засилена европска надзорна мисија на Грција на 10 септември

Брисел, 20 август 2018 (МИА) – Еврокомесарот за економски и финансиски работи, Пјер Московиси, најави дека првата надзорна мисија на Грција ќе се одржи од 10 септември, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како сите земји  кои биле предмет на економски програми на помош претходно, Грција ќе остане под надзор на Европската Унија за реформите, со таа разлика што за Атина ќе стане збор за “засилена“ надзорна мисија, со оглед на големината на грчката економска криза, најави денеска евркомесарот Московиси.

-Принципот е дека ќе провериме дека заложбите се почитуваат, но нема да има нови мерки, ќе ја мониторираме имплементацијата на мерките кои се веќе одлучени, прецизираше евркомесарот.

Московиси ги отфрли критиките дека мерките за штедење се причина за економската криза во Грција, каде невработеноста останува многу голема, а народот е посиромашен отколку пред кризата. Еврокомесарот потсети дека “кризата ги предзвика мерките за штедење, а не обратно“.

-Ни требаше подобра администрација, подобар даночен систем, социјален и економски систем адаптирани на еврозоната.  Да не заборавиме дека имавме вештачка администрација, дека економските структири не беа силни, моравме тоа да го модернизираме, структурите се во подобра форма сега. Знаеме дека личните состојби сѐ уште не се подобрени, но модернизацијата на економските структури ќе овозможи да се создадат работни места, порача Московиси.

Реформите спроведени последните осум години под надзор на ЕУ и на меѓународните инситуции имаа за цел да создадат услови за враќање на економскиот раст во земјата, услови за создавање работни места, но и етаблирање професионална ефикасна јавна админситрација и здрави јавни финансии.

И покрај излезот од програмите за помош, Грција останува земја со највисока стапка на невработеност, иако е падната под 20 отсто, како и со највисока стапка на јавен долг. тм/12:57

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ