• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Француски Тотал и официјално се повлече од голема гасна зделка во Иран

Француски Тотал и официјално се повлече од голема гасна зделка во Иран

Техеран, 20 август 2018 (МИА) - Иран денеска информираше дека францускиот нафтен гигант Тотал и официјално се повлекол од 20-годишниот план за развој на наоѓалиштето на гас Јужен Парс во водите на Перисискиот Залив, близу Катар. Проектот требаше да вреди 5 милијарди долари, но Французите во изминатите неколку месеци најавиле повлекување, а на нивно место се очекува да влезе кинеска компанија, која нема да биде толку изложена на американските санкции како Тотал.

Министерот за нафта на Иран Биџан Занганех денеска изјави дека Французите го најавиле повлекувањето пред одредено време, и дека кинеската државна нафтена компанија ЦНПЦ веќе поседува 80 проценти од зделката. САД ги вратија санкциите врз иранскиот нафтен сектор почнувајќи од август, поради иранското непочитувањето на одредбите од нуклеарниот договор што Иран го потпиша со повеќето светски сили. Договорот со Тотал беше потпишан во 2017 година, и се работеше за прва поголема зделка што Исламската Република ја потпишала со странска нафтена компанија од склучувањето на нуклеарниот договор во 2015 година.

Јужен Парс е едно од најголемите наоѓалишта на природен гас во светот. Поделено меѓу е Иран и Катар, и двете земји веќе црпат по 750, односно 590 милиони кубни метри гас дневно. цч/15:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...