• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Пепси ја купува СодаСтрим за 3,2 милијарди долари

Пепси ја купува СодаСтрим за 3,2 милијарди долари

Тел Авив, 20 август 2018 (МИА) - Пепси денеска информираше дека ќе ја купи израелската компанија за домашни апарати за газирани пијалоци СодаСтрим, за 3,2 милијарди долари, јави новинската агенција ДПА.

- Ова е важен чекор за нас, изјави директорот на СодаСтрим Даниел Бирнбаум. Компанијата произведува сифони за домашна употреба, кои можат да карбонизираат вода, како и голем број сирупи со кои можат да се прават разновидни газирани пијалоци. СодаСтрим има дузина производни капацитети низ светот, а најголемата фабрика и е во Израел.

СодаСтрим се соочи со повици за бојкот, како израелска компанија, а особено откако во 2014 година најави дека ќе ја затвори својата фабрика во Западниот Брег, каде повеќето вработени беа Палестинци. цч/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ