САД воведоа нови царини од 25 отсто за кинески стоки

САД воведоа нови царини од 25 отсто за кинески стоки

Вашингтон, 23 август 2018 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе денеска нови царини за кинески производи. Царините се од 25 отсто и се за увозни стоки вредни 16 милијарди долари.

На 6 јули САД воведоа царини од 25 отсто за кинески стоки вредни 34 ммилијарди долари.

Таа ескалација на трговска војна меѓу двете држави може да биде проследена со нов бран во септември кога може да бидат воведени царини за стоки за 200 милијарди долари.

Новите царини се воведоа неколку часа пред вториот ден од разговори меѓу американски и кинески претставници кои се обидуваат да стават крај на трговската војна меѓу државите. зш/07:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ