• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Бугарската Влада одобри акциски план за воведување на еврото

Бугарската Влада одобри акциски план за воведување на еврото

Берлин, 23 август 2018 (МИА) – Бугарската влада одобри  акциски план за пристап во земјата во Европскиот механизам за девизни курсеви (EMR-2) и за пристапување во банкарската унија до јуни следната година.

Во јули Бугарија поднесе барање за влез во ERM-2, т.н. „чекална" и задолжителен двегодишен период на транзиција за воведување на еврото откако министрите за финансии на еврозоната и Европската централна банка (ЕЦБ) и дадоа на Софија „зелено светло".

Бугарија, чија валута лев е поврзана со еврото преку валутен одбор, е прва земја што не е членка на еврозоната и која бара да се приклучи на банкарската унија, што ќе и овозможи на ЕЦБ ги надгледува водечките бугарски кредитори.

- Спроведувањето на тие мерки ќе обезбеди почитување на претходно преземените обврски во областа на политиката кои се од големо значење за непречена транзиција кон ЕРМ-2 и банкарската унија до јули 2019 година, што ќе резултира со воведување на еврото, се вели во соопштение на бугарската влада

Софија прво мора да ја подобри својата макро-финансиска рамка, да ја зајакне супервизијата на небанкарскиот финансиски сектор, како што се пензиските фондови и осигурителните компании, и да вложи поголеми напори за борбата против перењето пари. Исто така, треба да ја подобри правната рамка што се однесува на стечајните постапки. зш/08:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...