Рударот во „Тораница“ настрадал од одрон на камења

Рударот во „Тораница“ настрадал од одрон на камења

Крива Паланка/Пробиштип, 24 август 2018 (МИА) - Одрон на камења во ископаната јама на рудникот се случила синоќа каде почина рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко.

- На ден 23.08.2018 во доцните вечерни часови, се случи природна катастрофа - одрон на камења во ископната јама на рудник „Тораница“ – Крива Паланка каде што, како резултат на овој несреќен случај, тешко беше повреден рудар во рудникот „Тораница’ – Крива Паланка кој како последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето нашиот вработен подлегна на повредите, информираат од „Минстрој“ А.Д. Софија и „Булмак 2016“ д.о.о.е.л. Пробиштип.

За случајот се известени надлежни институции и органи,  кои се на лице место на несреќниот настан.

Од компанијата изразуваат сочувство и жалење до семејството на рударот и најавуваат дека во знак на солидарност одлучиле планираното одбележување на Денот на Рударите - 28. Август, да биде откажано.скс/са/10:47

###




 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ