• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Потрошувачите ќе може да бараат обесштетување за прекини во снабдувањето со струја

Потрошувачите ќе може да бараат обесштетување за прекини во снабдувањето со струја

Скопје, 24 август 2018 (МИА) - Специјална комисија составена од три члена ќе биде задолжена за обесштетување на производители и потрошувачи на електрична енергија доколку операторите не се согласни со барањето за надомест на штета што ќе го поднесат потрошувачите или производителите.

- Секој потрошувач доколку смета дека имал намалена (без соодветен квалитет) или немал испорака на електрична енергија поради што претрпел каква било штета може да започне постапка за обесштетување пред операторот на електродистрибутивниот систем или пред операторот на преносниот систем. Во таа постапка треба да наведе и проценка на штетата. Доколку операторите не се согласуваат со барањето што го поднеле потрошувачите тогаш комисија составена од еден претставник од потрошувачот, еден претставник од операторот и еден вештак од Комората на вештаци ќе одлучи и ќе оцени колкаво треба да биде обесштетувањето, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница.

На подготвителната седница, додаде, ќе бараме кај операторот на електродистрибутивниот систем да има посебна служба што ќе работи на оваа проблематика и на одговорното лице за обештетувањето на потрошувачите да му се гарантира дека не може да го изгуби своето работно место доколку донесе одлука во корист на потрошувачот.

- Секој потрошувач ќе има и право на стандарден надоместок на штета, односно намалување на цената за користење на мрежата за 10 проценти доколку прекинот бил до 12 часа, а за секои наредни 20 часа ќе се зголемува за дополнителни 10 проценти, во случај планиран прекин објавен во медиумите да трае подолго од предвиденото и повеќе од 12 часа, изјави Бислимовски.

Право за надмосток ќе имаат и производителите ако прекинот трае повеќе од пет часа.

- Тие ќе треба да поднесат барање за обесштетување до операторот на електродистрибутивниот систем и за таа цел ќе се формира комисија составена од еден претставник на производителот, еден од операторот на системот и еден вештак од Комората на вештаци. Доколку бил повластен производител за обесштетување ќе се земе  предвид повластената цена, а доколку не е, ќе се зема цената по која продава на слободниот пазар. Тоа ќе се множи со  количината врз основа на претходното седумдневно производство, појасни Бислимовски. 

Граѓаните, додаде, ќе можат да побараат од Државниот технички инспекторат да изврши соодветно мерење за да го утврди квалитетот на снабдувањето, односно колкави се напонот и фреквенцијата на електричната енергија што ја добиваат. Тие и самите можат да забележат кога имаат осцилации во снабдувањето, односно намалена испорака, и да почнат постапка за обесштетување. Во постапката за обесштетување ќе може да се утврди  дали недоволниот квалитет на испораката на електрична енергија бил причината за да се расипе некој уред. Тоа ќе треба да го констатира комисијата доколку операторот на системот не ја прифати својата грешка и не му исплати соодветен надомест на потрошувачот. вј/скс/12:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...