• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во август Албанија ја посетиле над 1,3 милиони туристи

Во август Албанија ја посетиле над 1,3 милиони туристи

Тирана, 30 август 2018 (МИА) – Во текот на август во Албанија престојувале 1.345.000 туристи, што е за 20 проценти повеќе споредено со истиот месец лани.

- Информациите кои ги добив од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во месец август во Албанија влегле 1.345.000 туристи. Според важечкиот албански закон за туризам, за турист се смета оној странец кој доаѓа и останува повеќе од еден ден во Албанија, изјави министерот за туризам Бленди Клоси, при денешната посета на Лежа.

Претходно албанскиот државен институт за статистика ИНСТАТ соопшти дека во периодот јануари - јули Албанија ја посетиле 2,9 милиони странски граѓани, што е за 12,4 отсто повеќе споредно со истиот период лани. Најбројни се Косовците со 911.631 посети и Македонците со 381.000, по што следуваат Грците со 275.000 и Италијанците со 200.000 посети.

Доколку се имаат во предвид двата показатели, тогаш произлегува дека за осум месеци Албанија ја посетиле 4.245.000 туристи. Министерот Клоси очекува во 2021 година бројот на туристите кои ќе ја посетат Албанија да изнесува 10 милиони. вт/цч/20:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.