• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Почна реализацијата на програмата за самовработување во општина Кичево

Почна реализацијата на програмата за самовработување во општина Кичево

Кичево, 30 август 2018 (МИА) - Со цел да се намали невработеноста во општина Кичево, градоначалникот Фатмир Дехари почна со рализација на општинската програма за вработување на невработени лица, преку проектот наречен „самовработување" со неповратни срества од општинскиот буџет, за започнување на сопсвен бизнис за лица невработени кои имаат идеи, но немаат доволно финансиски можности да започнат со реализација на замислата.

- Со големо задоволство ги потпишав првите договори со невработени лица од нашата општина кои аплицирале во програмата за самовработување. Ги повикувам сите млади да аплицираат за овој проект на општината за да ги реализираат нивните идеи. Ова можност невработените во општина Кичево со добри идеи треба да ја искористат до крајот на годината, рече градоначалникот Дехари по потпишувањето на првите шест договори во вредност од по 180.000 денари.рз/са/11:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ