• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Удвоен бројот на барања за германски работни визи од Балканот

Удвоен бројот на барања за германски работни визи од Балканот

Берлин, 1 септември 2018 (МИА) - Германија се соочува со дуплирање на барањата за работни визи од балканските земји, а нејзините дипломати во регионот веќе не се во состојба да ги обработат сите барања, пишува „Шпигел“.

Амбасадите на Германија во Македонија, Албанија, Босна, Косово, Србија и Црна Гора добиле дури 52.000 вакви барања во првата половина на 2018 година, што е двојно повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Најмногу работни визи се издаваат во секторите градежништво, угостителство и грижа за стари и болни лица.

- Бројот на примени барања далеку ги надминува капацитетите на нашите конзуларни претставништва, што доведе до се повеќе жалби од страна на претставници на стопанството, политичката и граѓанското општество, пишува во интерен документ на германското Министерство кое го објави „Шпигел“. цч/15:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.