Стапката на слободни работни места 1,44 отсто, се бараат над 7000 работници

Стапката на слободни работни места 1,44 отсто, се бараат над 7000 работници

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Во вторниот квартал статистичките податоци покажуваат дека стапката на слободни работни места изнесува 1,44 проценти, односно дека имало 7.199 слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,59  проценти или 585 слободни работни места, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,24 или 20 слободни работни места.

Деловните субјекти со број на вработени од три  до девет имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,93 проценти, односно  имаат слободни 1795 работни места. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05 отсто, но најголем број работници се бараат во скопскиот 3581.

Најголем број слободни работни места, односно 2.794, има во петтата група занимања - работници во услужни дејности и продажба.скс/са/12:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...