Продолжува проектот за дуално образование „20-20-20“ на ЕВН Македонија

Продолжува проектот за дуално образование „20-20-20“ на ЕВН Македонија

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) – За над 20 ученици од втората генерација во специјализираната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје почна учебната година. Тие официјално седнаа во специјалниот кабинет, оформен за потребите на проектот „20-20-20“.

На првиот училишен ден на сите ученици од средното електротехничко училиште, им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, кој им порача дека направиле добар избор и им посака успех во учењето.

- Овие ученици денес инвестираат во нивната иднина. Тие одлучија да научат да работат, а да научиш како се работи денес, значи подобра иднина утре. За три години ќе ги вработуваме како електромонтери, но ова не значи дека ќе останат на таа позиција цел живот. Тие може да напредуваат во кариерата и да продолжат како специјалисти и проект инженери или пак еден ден да станат и технички директор на ЕВН. Се е возможно, рече Петер.

Со проектот „20-20-20“ е планирано дваесетина средношколци од секоја генерација, кои ќе покажат најдобар успех и ќе стекнат најмногу знаење, да добијат можност за вработување во ЕВН Македонија и загарантирана нето месечна плата од 20.000 денари. Тие ја следат наставата во училиштето и посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија. вј/скс/15:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...