Македонски компании на Саемот за облека во Минхен

Македонски компании на Саемот за облека во Минхен

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Шест домашни компании „Еуросолид“, „Астибо фешн груп“, „Кули“, „Метас“ и „Албатрос“ ќе ги презентираат инвестициските потенцијали во македонската текстилна индустрија на Саемот за облека што се одржува од 4 до 6 септември во Минхен.

Учеството на Саемот го организира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

- Македонија има големи потенцијали во текстилната индустрија кои треба да ги презентираме пред странските инвеститори. Согласно нашиот План за активности и на предлог на бизнис заедницата, го организираме претставувањето на Македонија како дестинација за инвестиции во текстилната индустрија, но помагаме и за поврзување на бизнисите, со што отвораме можности за нови инвестиции и нови вработувања, вели директорот на Агенцијата, Вулнет Адеми.

Истовремено во Минхен се одржува и Саемот за набавка на материјали и модни додатоци каде македонските компании ќе имаат можност да ги запознаат новите услуги, производствените методи и комплетните решенија во производство на текстил и облека.

Двете саемски манифестации нудат компатибилни содржини и овозможуваат ексклузивен пристап до текстилните материјали и синхронизирана понуда на производствени модели, поедноставувајќи ја логистиката на набавки во текстилната индустрија.

На саемот во Минхен ќе се претстават околу 200 меѓународни компании од текстилната и модната индустрија со портфолија на производи и производствени услуги кои се однесуваат на висок квалитет на производство и целосен пакет услуги. мч/дма/16:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...