Анѓушев: Оваа Влада прави се Еурокомпозит да има стабилно работење

Анѓушев: Оваа Влада прави се Еурокомпозит да има стабилно работење

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Владата презема сериозни мерки за подобрување на работењето на Еурокомпозит и исполнување на обврските кон вработените. Проблемите во оваа фабрика не се отсега, тие постојат од пред повеќе години. 

Ова го истакна денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев и министрите од економскиот тим, на која беа презентирани економските перформанси на земјава.

Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека она што било предложено во однос на вработените во потполност е исполнето.

- Сега сме во фаза кога преку реструктуирање во стечај ќе гледаме да обезбедиме стратешки инвеститор. Потребна е правна постапка, за која треба време време, не можеме да ги заобиколиме законите и процедурите. Во меѓувреме обезбедивме услови Еурокомпозит да работи, рече тој. 

Фабриката минатата недела испорачала роба во вредност од девет милиони денари кон МВР, која, како што посочи Анѓушев треба да биде примена и преконтролирана. Доколку се биде во ред МВР ќе заджи дел аванс кој и го дала даде, а дел треба да исплати како обврска кон нив за да може да продолжат да работат.

Анѓушев посочи дека електричната енергија во фабриката е исклучена оти не е плаќана од 2011, 2012, 2013.

- Тогаш можеше некој да се јави и да нареди струјата да се вклучи и без плаќање. Ние како Влада сакајќи да поставиме ред во економијата и транспаретни правила на игра нема да се служиме со притисок во тој дел. Ќе ги решаме овие ситуации во рамки на законот и економската моќ, додаде вицепремиерот Анѓушев. ац/бк/14:46

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...