• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Во Гевгелија отворен погон на грчка фирма за марамчиња

Во Гевгелија отворен погон на грчка фирма за марамчиња

Гевгелија, 10 септември 2018 (МИА) - Грчката фирма „Стар фреш“ од Катерини во Гевгелија отвори погон во кој се конфекционираат  марамчиња за хотели и ресторани.

Дневно во погонот се произведуваат 25.000 влажни марамчиња за еднократна употреба од страна на 15 работници.

Сопствениците на „Стар фреш“, Христос Тахос и Адамос Ваикопулос, најавија дека наскоро ќе бидат вработени уште толку работници.  

Тахос е задоволен од ангажманот на вработените во гевгелискиот погон и производството на влажни марамчиња, кои главно се пласираат на грчкиот и европскиот пазар. Планира, нагласи, за една година во Гевгелија да изгради сопствен објект и да го зголеми производството на влажни марамчиња за хотели и ресторани за кои веќе постои интерес и на македонскиот пазар. им/цр/10:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ